Project title: ”Promoting and preserving the biodiversity of Maleshevska Mountain” 2007CB16IPO007-2011-2-04  -   IPA Cross-Border Programme CCI Number 2007CB16IPO007

 

 


Програма
Програма за прекугранична соработка 2007-2013
Инструмент за претпристапна помош, CCI Number 2007CB16IPO007
Проект
ПРОМОЦИJА И ЗАШТИТА НА БИОДИВЕРЗИТЕТОТ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ПЛАНИНИ-МАЛЕШ
 
Лидерпартнер
Здружение Бизнис Информативен и Консултантски Центар – Сандански, Република Бугариjа
 
Проектен партнер
Центар за развоj на Источен плански регион – Штип, Република Македониjа
 
Целна проектот
Промоција и заштита на биодиверзитетот на Малешевските планини со цел да се зголеми атрактивноста и да се подобри квалитетот на живеење во заедничката прекугранична област.

Специфични цели на проектот:

  • Да се зајакне свеста и значењето за биолошката разновидност – биодиверзитетот на територијата на Малешевските планини;  

  • Да се подигне свеста на jавноста за овие прашања и заканите за животната средина и неjзината заштита во заедничкиот прекуграничен регион;

  • Да се засили соработката помеѓу сите заинтересирани страни во прекуграничниот регион - локалните самоуправи, организациите за заштита на животна средина, малите и средни претприjатиjа и образовните институции;

  • Да се вклучат младите луѓе во проблемите и предизвиците во заштитата на животната средина и биодиверзитетот;

  • Да се воспостават можности и инструменти за поттикнување на развоj  на еколошки економски активности.

Главни проектни активности

  1. Информирање и jавна кампања во Република Бугариjа и Република Македониjа;

  2. Изработка на детална анализа и собирање на податоци за биодиверзитетот (флора и фауна) во прекуграничниот регион на Малешевските планини;

  3. Дизаjн, пред-печатење и печатење на триjазичен Инфо-водич „Биодиверзитетот на Малешевските планини”;

  4. Дизаjн, развоj, одржување и надополнување на интерактивен веб портал за биолошка разновидност „МАЛЕШЕВИJA” и интерактивна онлајн карта на видовите;

  5. Спроведување на Контактна средба во Република Бугариjа за основање на Партнерска мрежа од сите заинтересирани страни во областа на екологијата во Република Бугариjа и Република Македониjа;

  6. Спроведување на Форум „Малешевските планини - минато. сегашност и иднина”;

  7. Спроведување на серија од состаноци со училиштата во целниот прекуграничен регион во Република Бугариjа и Република Македониjа; 

Целни групи во проектот се:

  • Еколошки асоциjации и НВО, Институции кои нудат поддршка на бизнис секторот, Регионални развојни агенции и асоциjации;

  • Локални самоуправи – во Република Бугариjа општините Сандански, Петрич, Струмjани, Кресна, Симитли и Благоевград а во Република Македониjа Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново-Облешево и Штип;

  • Образовни институции во прекуграничниот регион, училишта, факултети, средни технички училишта, образовни центри, институции за стручна обука и др.

  • мали и средни претприjатиjа кои работат во прекуграничниот регион;

  • Студенти, ученици, млади луѓе, љубители на природата, посетители и туристи со специфичен интерес;

Проектот се спроведува на териториjата на:
Република Бугариjа, Област Благоевград
Република Македониjа, Источен плански регион

Времетраење: 18 месеца

Вкупен буџет: 99.953,79 Евра за двата партнера

 

Центар за развој на Источен плански регион
Ванчо Прке бр.119, 2 кат
2000 Штип, Република Македонија
Т.: +389 32 386 408, Ф: +389 32 386 409
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. www.rdc.mk/eastregion          

 

 

Овој документ е изработен со финансиска поддршка на Европската унија,
IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007
Ставовите изразени во него се на одговорност на Асоцијацијата БИКЦ - Сандански.
Документот на ниту еден начин не го одразува официјалниот став на ЕУ.