КОНТАКТНА СРЕДБА

помеѓу организациите за заштита на животната средина, локални власти, образовни институции и бизнисот од вкупниот прекуграничен регион на Република Бугарија и Република Македонија.

по проектот

„ Промоциjа и заштита на биодиверзитетот на Малешевските планини”
2007CB16IPO007-2011-2-04 финансиран по Програма за прекугранична соработка помеѓу Република Бугариja и Република Македониja 2007—2013, Инструмент за претпристапна помош CCI Number 2007CB16IPO007

 Место: Хотел "Свети Никола", Сандански, Република Бугарија
Датум: 19-20 април 2013 година.

Здружение Бизнис Информативен и Консултантски Центар – Сандански заедно со Центар за развоj на Источен плански регион – Штип организираа дводневна Контактна средба меѓу организации за заштита на животната средина, локални власти, образовни институции и претставници бизнисот од вкупниот прекуграничен регион на Рeпублика Бугарија и Република Македонија. Средбата се организира во рамките на проектот Промоциjа и заштита на биодиверзитетот на Малешевските планини 2007CB16IPO007-2011-2-04, финансиран по Програма за прекугранична соработка помеѓу Република Бугариja и Република Македониja 2007—2013, Инструмент за претпристапна помош CCI Number 2007CB16IPO007. Настанот се одржа на 19 и 20 Април 2013 година. во хотел "Свети Никола" градот Сандански, Република Бугарија. Иницијативата обезбеди можност за средба на еколошки организации и здруженија, невладини организации, претставници на локалните власти, бизнис и образовни институции од двата погранични региони на Република Бугарија и Република Македонија. За време на настанот беа дискутирани мерки и заеднички идеи за зачувување на богатството на биодиверзитетот на планината. Партнерите во проектот ги презентираа проект за создавање на партнер мрежа за соработка помеѓу овие организации, нејзините цели, приоритети и функции.