Активности

 

 

 

Информативна кампања запроектот "Malesh"
Во рамките на проектот "Malesh" се предвидува широк спектар на промотивни активности, со цел да се информираат целните групи за главните активности, настани и инструменти кои ќе бидат развиени во рамките на проектот. Промотивните активности се групирани во активности за директна промоција на проектот и активности за медиумска промоција и истите вклучуваат:

Директна промоција
Производство и дистрибуција на флаери за проектот со информации за целите на проектот, целните групи, главните активности кои треба да бидат реализирани, и контакт информации за секој од партнерите во проектот. Флаерот на проектот, претставува визит карта за услугите кои ќе се обезбедат во рамките на проектот и ќе ги информираат сите заинтересирани страни за можностите да учествуваат во активностите и настаните.
Производство и дистрибуција на промотивени флаери за интерактивниот портал за биодиверзитетот "Малешевиja"
Промотивните флаериќе придонесат во промоцијата на интерактивниот портал на биодиверзитетот "Малешевиja", помеѓу училиштата, младинските организации, библиотеките од регионот, општините, младинските центри, образовните институции, културните домови, невладините организации, туристичките центри итн. Целта на флаерите ќе биде да се привлече вниманието на целните групи, потенцијални корисници на порталот, како и останатите заинтересирани страни за информации во врска со биолошката разновидност и природно наследство на Малашевската планина.
 

Изработка на налепници за популаризација на биодиверзитетот, ретките и загрозени растителни и животински видови на Малашевската планина
Тимот на проектот ќе изработи и објави промотивни налепници, кои ќе содржат слика и кратка информација за дел од растителниот и животинскиот свет на Малешевската планина.
 
ИзработканаИнформативнибанери
Со цел промоција на проектот во целниот прекуграничен регион  ќе бидат изработени два информативни банери, кои ќе бидат поставени во канцеларии на партнерите во проектот.Медиумскапромоција
Покрај директната промоција, специфичните активности во рамките на проектот, ќе бидат промовирани и во медиумскиот простор.


Изработка на детална анализа и собирање на податоци за биодиверзитетот (флора и фауна) во прекуграничниот регион на Малешевските планини
Оваа активност се состои во изработка на на детална анализа и собирање на податоци за биодиверзитетот (флора и фауна) во прекуграничниот регион на Малашевските планини. Податоците од анализата ќе бидат дигитализирани и објавени во триjaзичен Инфо-водич ("Биодиверзитетот на Малешевска планина"), на интерактивниот портал за биодиверзитетот "Малешевиja" и интерактивна карта на видовите.


Изработка и публикација на триjaзичен Инфо-водич "биодиверзитетот на Малешевските планини”
По завршувањето на анализата во двата погранични региони на Малашевска планина тимот на проектот ќе се продолжи со изработка на резиме и објавувањето на резултатите од истражувањето. Иформациите собрани преку анализата во двата погранични региони ќе бидат собрани во еден енциклопедиски - Инфо-водич "Биодиверзитетот на Малешевските планини”.

Изработка, одржување и ажурирање на интерактивниот портал "Малешевија" и интерактивната онлаjн карта на видовите.
Главната цел на овој информативен портал ќе биде да ги покаже сите достапни информации за биодиверзитетот на Малешевските планини, собрани преку деталната анализа и истите да бидат достапни за сите заинтересирани страни.


Спроведување на Контактна средба во Бугарија за создавање на партнерска мрежа за соработка помеѓу организациите за заштита на животната средина, локалните власти, образовните институции и бизнис заедницата од прекуграничниот регион.
Средбата се одржа во месец април 2013 година, со цел да се обезбеди можност за средба на организации кои работат во делот на заштитата на животната средина и одржливиот развој, како еколошки организации и здруженија, локални власти, представници на бизнис заедницата и образовни институции од прекуграничниот регион. Во рамките на средбата беа дискутирани решенија за заштита на биодиверзитетот на планината, природното наследство како и можноста за создавање на партнерска мрежа за соработка помеѓу овие организации, нејзините цели, приоритети и функции.


Спроведување на Форум "Малашевските планини - минато, сегашност и иднина"
Со цел понатамошен развој и промоција на прекуграничните контакти во областа на заштитата и обновување на животната средина на Малашевските планини се предвидува спроведување на дводневниот Форум на тема "Малешевските планини - минато, сегашност и иднина". На настанот ќе бидат поканети претставници и експерти од организации кои работат во областа на екологијата и животната средина, обновливи извори на енергија, како и претставници од општини, образовни институции, информативни центри, младински образовни центри, образовни институции, невладини организации, туристички центри и др. од Бугарија и Македонија.
За време на форумот ќе бидат презентирани анализите за биодиверзитетот, триjaзичниот Инфо-водич "Биодиверзитетот на Малешевските планини", интерактивниот портал "Малешевиja". Во прилог на ова, учесниците ќе дискутираат за предлози за заеднички развој на туризмот, информативен екотуризам, како и улогата на бизнис секторот во делот на промоција и заштита на биодиверзитетот преку воведување на нови мерки за намалување на загадувањето на животната средина и еколошки активности.


Спроведување на серија од училишните средби во прекуграничен регион
За да се постигне зголемување на свеста на локалното население и да се вклучат младите луѓе во проблемите за заштита на биодиверзитето, што е една од специфичните цели на проектот, партнерите ќе организираат училишни средби. Целта на средбите е промоција на интерактивниот портал за биодиверзитет помеѓу младите и можностите како да ги користат сите услуги на порталот и како да учествуваат активно во иднина на негово збогатување преку објавување на фотографии, релевантни информации, и др.
Средбите ќе овозможат разгледување на повеќе начини за заштита и зачувување на биодиверзитетот на Малашевските планини со младите како разгледување на нивните ставови и навики.